Утрински Весник
Македонија

Тројца повредени откако возило излетало од патот во кривопаланечко

Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на регионалниот пат во с.Горна Црцорија, кривопаланечко, патничко возило „опел мерива“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Ц.А.(26) од Крива Паланка, излетало од патот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово, а двајцата сопатници М.А.(30) и В.С.(34), двајцата од Крива Паланка, се здобиле со телесни повреди, констатирани во ЈЗУ во Крива Паланка.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Можете да прочитате

Ладен бран кај нас: За Водици појава на мраз, на 21 јануари снег

Во АРМ ќе бидат примени нови 300 професионални војници

Сиљановска Давкова: Не мислам дека треба да има предвремени избори