Утрински Весник
Македонија

Тројца повредени во сообраќајка на булеварот „АСНОМ“

Две деца и двајца возрасни повредени во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

Вчера околу 10,25 часот во Скопје на крстосницата од булеварот „АСНОМ“ и сервисна улица кон хотел во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер“, управувано од М.П.(34) од Скопје, и возило „сузуки балено“ управувано од Ј.Ј.(47) од с.Петровец,Скопско.

По незгодата, Ј.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била констатирана тешка телесна повреда, додека на возачот М.П. и неговиот сопатник Љ.П.(60) од Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ од доктор им биле констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата