Утрински Весник
Свет

Тројца загинати во експлозија на морнаричката академија на Либија

Тројца загинати во експлозија на морнаричката академија на Либија

Три лица загинаа кога избувна пожар проследен со експлозија во магацин за муниција на морнаричката академија во регионот Јанзур, западно од либискиот главен град Триполи.

Италијанската новинска агенција „Нова“ го цитираше либискиот офицер Али Ал-Калиди, кој рече дека командантот на Воената академија, бригадниот генерал Ахмед Ајуб, и бригадниот Салем Абу Салах, како и уште едно лице, загинале во експлозијата.

Експлозијата ранила уште петмина други и предизвикала материјална штета. Либиската влада на национален договор (ГНА) не објави никакво соопштение за причините за експлозијата.

Експлозијата се случи неколку часа по посетата на началникот на ГШ на силите на ГНА, генерал-потполковник Мохамед ал-Хадад, во седиштето на академијата.

Академијата се наоѓа на 11 км од во седиштето на Мисијата за поддршка на ОН на Либија, во регионот Јанзур.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Едно лице загина, 10 се повредени откако автомобил удри во група луѓе во францускиот град Кан

Во сабота, Исланд ќе гласа за повторно отворање на преговорите за членство во ЕУ

160 загинати и близу 1000 исчезнати по поплавите во Непал