Утрински Весник
Спорт

Тројцата генијалци во 2020. година – Халанд, Левандовски и Ребиќ

Тројцата генијалци во 2020. година – Халанд, Левандовски и Ребиќ

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ игра како препороден во поранешниот европски шампион, Милан.

Тој со синоќешниот погодок против Болоња (Милан триумфираше со 5-1) стигна до ефект од 11 погодоци од 16 натпревари од почетокот на оваа турбулентна 2020 година. Со тоа Хрватот стана третиот најефикасен играч во една од петте најквалитетни европски лиги од почетокот на годината.

Пред него се норвешкиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд со 13 и полскиот голгетер на Баерн Минхен, Роберт Левандовски со 12 гола.

Сепак, хрватскиот интернационалец кој минатото лето на „Сан Сиро“ дојде од Ајнтрахт Франкфурт има можност да ги прескокне затоа што Бундеслигата е завршена, а Милан го очекуваат уште 4 меча до крајот на Серија А.

> Тројцата генијалци во 2020. година – Халанд, Левандовски и Ребиќ <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

ПСЖ против Астон вила ќе играат за Суперкупот на УЕФА

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид