Утрински Весник
Спорт

Трка на смртта – 21 ултра-маратонци загинаа во Кина

Трка на смртта – 21 ултра-маратонци загинаа во Кина

Најмалку 21 тркачи загинаа на ултрамаратонот во северна Кина поради влошените временски услови – односно град, дожд и ветер на трката на 100 километри.

Повеќе од 700 спасители и војници се обидоа да ги извлечат тркачите фатени од лошото време во шумата во близината на Баијин во северозападната провинција Гансу, објавија кинеските власти.

„Попладнето, делот на голема надморска височина на трката помеѓу 20-тиот и 31-виот километар беше погоден од катастрофално време. Во краток период, град и замрзнат дожд падна на таа локација, а температурите паднаа драстично“, објави градоначалникот на Баијини, Жанг Ксучен.

> Трка на смртта – 21 ултра-маратонци загинаа во Кина <

Можете да прочитате

Пораз на македонските фудбалерки на стартот на мундијалските квалификации

У17: Втора победа на македонските фудбалерки во евроквалификациите

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука