Утрински Весник
Спорт

Трката „Прв до врв“ ќе се одржи на 16 мај во согласност со анти-ковид мерките

Трката „Прв до врв“ ќе се одржи на 16 мај во согласност со анти-ковид мерките

По вчерашното олеснување на здравствените мерки со кои се дозволуваат спортски активности на отворено, „Прв до Врв“ Водно 2021 ќе се одржи во предвидениот термин на 16 мај.

Организаторите на настанот соопштија дека наместо масовен, ќе се организира старт во бранови при што ќе се запази мерката за потребно растојание меѓу учесниците. Понатаму, пред трката, за време на стартот и по минувањето на целта, натпреварувачите ќе носат маски. Покрај прогласувањето на победниците, по трките не се предвидени дополнителни содржини, односно задржување и групирање на натпреварувачите.

Максималниот број на учесници во трките е ограничен на 450 лица.

Пријавувањето за трките во планинско трчање, друмски и планински велосипедизам е се уште отворено преку веб страницата на организаторот, www.prvdovrv.mk.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.

> Трката „Прв до врв“ ќе се одржи на 16 мај во согласност со анти-ковид мерките <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина