Утрински Весник
Македонија

Три нови случаи на Ковид -19 во Велес

Три нови случаи на Ковид -19 во Велес
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Велес 22 април 2020 (МИА) – Во изминатото деноноќие во Велес како што информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје се регистрирани три нови случаи на Ковид-19 со што бројката од 59 се искачи на 62 заразени од коронавирусот.

Од оваа јавна здравствена установа појаснуваат дека меѓу тројцата новозаболени има и едно медицинско лице од Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница и две лица кои, се тестирале на сопствена иницијатива кога им се јавиле симптоми во Клиниката „Жан Митрев“ во Скопје, а каде им бил потврдено присуството на Ковид-19.

Оваа е втор случај на заболен здравствен работник од Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница потврди за МИА, портпаролот Весна Неделковска Николова.

Со двајцата од Инфективното одделение и три заболени од ЈЗУ Центар за јавно здравје од кои двајца се здравствени работници, а   едно е административно лице, во Велес досега има вкупно четири здравствени работници заболени со корона вирус.

Boедно на Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница како што информира портпаролот Неделковска Николова, моментално се хоспитализирани 22 лица од кои кај 20 е регистриран корона вирусот и двајца пациенти чекаат резултати од брис. На ова одделение досега биле излекувани четири пациенти од Ковид-19 кои се испратени дома. ад/оџ

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик

Митрески: До кога владата ќе си игра мајтап со работниците

Магла на премините Стража-Маврово и Крушево