Утрински Весник
Магазин

Три нови големи вработувања во „Арчивел“, организација на принцот Хари и Меган

Три нови големи вработувања во „Арчивел“, организација на принцот Хари и Меган

Откако го оставија официјалниот кралски живот зад себе, војводата и војвотката од Сасекс ги фокусираа своите независни кариери околу нивната амбициозна организација „Арчивел“.

Трипартитниот потфат кој опфаќа добротворна фондација, Арчивел аудио и продукција (Archewell Audio и Productions) во партнерство со „Спотифај“ и „Нетфликс“, влегува во ново поглавје под водство на тројца неодамнешни регрути.

Нашика Камбл и Шанел Пајсник ќе се приклучат на „Арчевел продукција“, додека Ребека Сананес ќе раководи со делот „Аудио“.

Нишика Камбл има доста блескава кариерата како продуцент на големи американски серии, вклучувајќи ги и Fargo, Legion и Centerpiece.

Шанел Пајсник е дипломец на „Принстон“, која претходно работела како директор за развој на оригинални серии на „Си-ен -ен“, а неодамна во „Дизни плус “, како директор за меѓународни содржини.

Можете да прочитате

Почина проф. д-р Самир Салиевски

Почина професорот д-р Самир Салиевски

Северна Македонија – нова туристичка ѕвезда во 2026 година