Утрински Весник
Свет

Три министерки во Австрија добија лично обезбедување поради смртни закани

Три министерки во Австрија добија лично обезбедување поради смртни закани

Во Австрија, женски членови на владата неодамна беа изложени на закани преку интернет.

Прво, министерката за правда Алма Задиќ доби смртни закани, потоа министерката за интеграција Сузана Раб, а сега и министерката за одбрана Клаудија Танер.

Сите три политичарки добија лично обезбедување поради заканите.

Министерката Танер беше изложена на навредливи, сексистички напади од Австриец, кој и се закани со смрт.

Осомничениот е пронајден, а министерката доби засилено обезбедување, како лично, така и во приватен дом.

Заканите биле направени откако Танер поставила објава од парламентот на нејзината страница на „Фејсбук“.

Само неколку минути подоцна, 35-годишен Австриец напишал низа коментари полни со омраза, со јасни закани со смрт.

Воената разузнавачка служба и Федералната служба за борба против тероризмот веднаш се вклучиле во пронаоѓањето на лицето кое се заканувало и успеале да утврдат за кого станува збор.

Како што беше најавено, против него е поднесена кривична пријава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години