Утрински Весник
Македонија

Три лица повредени во сообраќајна несреќа меѓу товарно и патничко возило на патот Кичево-Гостивар

Три лица повредени во сообраќајна несреќа меѓу товарно и патничко возило на патот Кичево-Гостивар

Вчера во 14.50 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај с.Колари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат дукато“, управувано од З.А.(62) од тетовското село Камењане и патничко возило „фолксваген тигуан“, управуван од М.Г.(55) од тетовското село Селце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „фиат“ З.А. и И.Г.(45) од с.Стрелци, сопатник во возилото „фолксваген“, а возачот М.Г. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево.

Увид на местото извршија Јавен обвинител и полициски екипи.

Можете да прочитате

Меџити: Ја напуштам Владата, тргнува во битката за Чаир

Делегации на СДСМ за Илинден во Крушево, Скопје и Пелинце

На „Табановце“ се чека околу 45, на „Богородица“ околу 30 минути