Утрински Весник
Македонија

Три лица повредени во сообраќајна несреќа во Скопје

Три лица повредени во сообраќајна несреќа во Скопје

Три лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера на улицата Јустинијан Први во Скопје.

Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале автомобил „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.Т.(52) од Скопје и патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(40) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.Т., а со телесни повреди се здобиле А.И. и уште двајца малолетни сопатници од истото возило, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Кога нема пари и функции, Османи и Ахмети почнуваат да се кријат зад етничкото знаме

Од утре пратениците се враќаат на работните места

Османи: Изборите се референдум за достоинството и еднаквоста на Албанците