Утрински Весник
Македонија

Три лица повредени во сообраќајка меѓу два автомобила и автобус на ЈСП во Скопје

Три лица повредени во сообраќајка меѓу два автомобила и автобус на ЈСП во Скопје

 

Скопје, 1 март 2020 (МИА) – На булевар „Никола Карев“ денеска околу 14 часот се случила сообраќајна несреќа меѓу „ауди“ со бугарски регистарски ознаки, „пежо“ со скопски и автобус на ЈСП.

Во несреќата се повредени три лица, едно од „аудито“ и две од „пежото“, кои се пренесени во Клинички центар „Мајка Тереза“.

На местото на несреќата извршен е увид од СВР Скопје.ир/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична пријава за дрвокрадец од Прилеп

За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

(Видео) Штекли осуден на осум години затвор