Утрински Весник
Македонија

Три земјотреси регистрирани рано утрово во околината на Маврово

Три земјотреси регистрирани рано утрово во околината на Маврово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, регистрира три земјотреса и тоа во 3 часот и 52 минути, 4 часот и 59 минути и во 6 часот и 15 минути, од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.

Епицентрите на овие земјотреси се наоѓаат на 65км југозападно од Скоpje во околината на Маврово и првите два беа со локална Рихтерова магнитуда ML3.2 додека третиот со магнитуда ML2.4, информираат надлежните.

Според досегашните податоци првите два земјотреса беа почувствувани од населението во Маврово со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Гостивар и Кичево со интензитет од III степени а третиот земјотрес беше почувствуван во Маврово и околината со интензитет од III степени според истата скала.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче