Утрински Весник
Свет

Три дози од вакцината Астра Зенека ефикасни против омикрон

Три дози од вакцината Астра Зенека ефикасни против омикрон

Три дози на Астра Зенека се ефикасни против соевите на омикрон, соопшти денеска фармацевтската компанија, повикувајќи се на податоци од лабораториска студија на Универзитетот во Оксфорд.

Студијата, која допрва треба да биде објавена во медицинско списание, покажа дека нивоата на антитела против омикрон по засилената доза се значително повисоки отколку кај луѓето кои биле подложени на Ковид, објави Ројтерс.

По три дози на Астра Зенека, нивото на неутрализирачки тела против омикрон е слично на она што се создава против делта по две дози, соопшти компанијата.

Можете да прочитате

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров 

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја