Утрински Весник
Спорт

Трите опции за трансфер на Пјаниќ

Пјаниќ: Никогаш не сум сакал да го напуштам Јувентус

Торино, 13 мај 2020 (МИА) – Разделбата меѓу Јувентус и Миралем Пјаниќ се чини се поверојатна. Постојат неколку опции за тоа да се случи, а според „Скај Спорт Италија“, Барселона, Пари Сен Жермен и Челзи имаат шанса да го привлечат репрезентативецот на Босна и Херцеговина.

Популарниот новинар Џанлука Ди Марцио е категоричен дека Пјаниќ не е во плановите на Маурицио Сари за следната сезона. Јуве сега се соочува со задача да извлече максимум од можниот договор со играчот од средниот ред.

Се чини дека Барселона е првиот избор. Не е тајна дека Каталонците се заинтересирани за Бошњакот и се верува дека дури и се согласиле со неговиот агент за личните услови. Проблемот е што Артуро Мело, кој го бара Јувентус, сака да остане во Барса.

Можно е „бјанконерите“ да бараат размена со Челзи за Жоржињо. Бразилецот со италијански пасош е миленик на Сари, под чие водство играше во Наполи и на „Стемфорд Бриџ“.

Се споменува и опција во која Пјаниќ ќе се пресели во Пари Сен Жермен, а Јувентус ќе го земе Леандро Паредес. Сепак, во Торино не им е потребен Аргентинецот и веројатно нема да се согласат на ваков договор.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство