Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Трипуновски на средба со земјоделци

Трипуновски на средба со земјоделци
300x250 opst2

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска имаше средба со неговите советници од тимот земјоделци со кои разговарал за нивните приоритети и проекти од кои имаат потреба.

Дел од сугестиите, како што соопштуваат од кабинетот на дополнителниот заменик-министер, ќе влезат во нивната програма за претстојните парламентарни избори.

-Советниците ми посочија дека се уште има недоисплатени субвенции. Земјоделците посочија дека при откупот на земјоделските култури им се запираат по два отсто од УЈП на име данок, пари кои Заев и Димковски ветија дека ќе им бидат вратени на земјоделците, но се уште ништо не е направено, рече Трипуновски.

Како што соопшти, земјоделците стравуваат дека акумулациите се празни и дека претстојната година ќе биде катастрофална, како за оризот, така и за сите земјоделски култури.

-Лозаро производителите алармираа за ставање заштитна цена и уште сега да се седне на иста маса со винарските визби. Алармирав дека државата мора да им помогне и на винарските визби, со цел сигурен откуп. Тутунарите посочија на популизмот на власта, која се фали со 80 денари откупна цена на тутунот од прва класа, но не кажуваат колкава е бројката на тутун од прва класа, односно само мал процент на земјоделците земаат 80 денари субвенции. Тутунарите нагласија дека тутунот и да се дооткупи, тој ќе биде по многу ниска цена. Сточарите посочија дека иако на светскиот пазари цената на килограм јагнешко е иста, а во Македонија цената паѓа, иако целото производство е наменето за извоз. Сточарите го демантираат Димковски и посочуваат дека во Македонија нема повеќе од 400.000 овци, односно дека оваа гранка е во пад. Нотиравме проблеми и во делот на градинарското производство,земјишната политика. Констатиравме дека земјоделството е во катастрофална состојба и дека по 12 ќе мора да следува обнова во секоја гранка, вели дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.скс/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во август годинава исплатени 19,5 милиони евра

ЧОКОЛАДА И ШЕЌЕР – Сладок бизнис за крупен финансиски залак

ДДВ-то за нарачките до 22 евра од Тему било заради јакнење на македонската економија, велат од Финансии