Утрински Весник
Култура

Трилерот „Смената“ во кината во Скопје

Италијанско-белгиската трилер-драма „Смената“ во режија на Алесандро Тонда од денеска во терминот од 15 часот се прикажува во киното „Милениум“ во Скопје и во Кинотеката. Со својот дебитантски филм, фокусиран на терористички напад во Брисел, режисерот се справува со едно горливо актуелно прашање.

Брисел. Еден и Абдел, две 17-годишни момчиња, упаѓаат во нивното училиште за да извршат самоубиствен терористички напад, но Абдел се разнесува пред предвиденото време повредувајќи го Еден во експлозијата. Изабел и Адамо, двајца болничари, пристигнуваат на местото на настанот и го наоѓаат Еден повреден и онесвестен. Го внесуваат во амбулантното возило не знаејќи дека тој е еден од терористите. На пат кон болница тие сфаќаат дека Еден носи појас со експлозив, но веќе е доцна: Еден одеднаш се буди! И покрај повредите, младиот човек ги држи како заложници заканувајќи им се дека ќе ја активира бомбата и му наредува на Адамо да продолжи да вози.

Станува збор за италијанско-белгиска копродукција помеѓу „Ноториус пикчрс“ и „Тарантула“. Дистрибутер на филмот е „КТ филм и медија“ од Битола, а дистрибуцијата е поддржана од Италијанската национална асоцијација на аудиовизуелните индустрии – АНИКА.

Текстот Трилерот „Смената“ во кината во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“