Утрински Весник
Македонија

Триесет и тригодишен од село Манастирец пукал во баба си, жената не е во животозагрозувачка состојба

Триесет и тригодишен од село Манастирец пукал во баба си, жената не е во животозагрозувачка состојба

Кавадарци, 9 јуни 2020 (МИА) – Триесет и тригодишен од росоманското село Манастирец пукал синоќа во баба си, жената се наоѓа во кавадаречката болница и за среќа не е во животозагрозувачка состојба.

Доктор Ратко Грков од Брза помош Кавадарци потврди за МИА дека интервенирале на местото на настанот и поради повредите, ја пренеле жената во болница.

Хирургот Благој Митев, кој синоќа бил дежурен во болницата во Кавадарци, за МИА соопшти дека жената е задржана на хируршкото одделение

-Има три метални предмети во екстремитетот. Во горниот дел на екстремитетот, таму надлактицата. Ќе се интервенира хируршки, за да се извадат. Кога ќе се извадат, ќе се види за што точно се работи, појасни хирургот.

Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски најави официјална информација за подоцна во текот на денот. свд/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денот на Европа одбележан во Скопје со едукативно-забавен настан „Европа низ детските очи“

Филипче: Власта не покажа никаква одговорност за Кочани – јас поднесов оставка, а Владата падна после пожарот во Тетово

Мајка на дете кое загина во пожарот во Кочани одговори на обвинувањата дека протестите се политички: Засрамете се, останавме без деца… имате ли срце?