Утрински Весник
Култура

Трет меѓународен фестивал на кратoк филм „Филмај 2021” во Куманово

Трет меѓународен фестивал на кратoк филм „Филмај 2021” во Куманово

Третиот меѓународен фестивал на кратoк филм „Филмај 2021” ќе се одржи в петок (10 септември) во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово.

На фестивалот ќе бидат прикажани 10 кратки филмови во вкупно времетраење од 2 часа и 40 минути. Филмовите се наградени за режија, кинематографија, сценарио, а од годинава официјално се доделува и награда за најдобар македонски филм официјално селектирани од трочленото жири: Лидија Мојсовска (режисер/ сценарист), Наум Доксевски (кинематограф) и Дејан Ангеловски (фотограф).

Фестивалот е планиран да почне во 19 часот, а влезот за посетителите ќе биде слободен.

Бесплатни билети ќе може да се подигнат пред влезот на Центарот за култура на ден на фестивалот од 18:00 часот. Публиката во салата ќе може да влегува од 18:30 часот.

Согласно важечките здравствени протоколи, на настанот ќе може да присуствуваат лица кои ќе покажат важечки вакцинален сертификат.

Текстот Трет меѓународен фестивал на кратoк филм „Филмај 2021” во Куманово е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“