Утрински Весник
Култура

Трет Балкански поетски камп за деца и млади “Ванчо Николески”

Трет Балкански поетски камп за деца и млади “Ванчо Николески”

Во организација на Здружението за литература и култура “Мацково” од Охрид, утре и наредните два дена, се одржува Третиот Балкански поетски камп за деца и млади “Ванчо Николески”.

Учесници се млади поетски надежи од Македонија, Србија, Албанија и Бугарија, виртуелно уште и од од Босна и Херцеговина – Република Српска, и Грција.

Годинава, за прв пат, поканета е да биде дел од програмата и Првата детската амбасада “Меѓаши” од Скопје.

Во одборот на учесниците, вклучени се културно информативните центри од сеседните земји, при што најтесна соработка е воспоставена со КИЦ во Софија – заедно со Друштвото на писателите на Бугарија.

„После две години, Министерството за култура одби да го финасира Кампот, со чудно образложение :”не бил традиционален”(!?)“, стои во соопштението од организаторите.

Покрај во Охрид, каде ќе биде свеченото отворање со прием и поздравен збор на претставник на локалната самоуправа, одделни манифестации, ќе се одржат уште во Струга, Вевчани, Белчишта, како и во селото Црвена Вода, родното место на писателот за деца и основоположник на македонската литература за деца, Ванчо Николески.

Организаторите напоменуваат дека остваруваат тесна соработка со менаџментот на Струшките вечери на поезијата. Учесниците на Кампот, еден ден, ќе бидат заедно со своите постари колеги и идоли, присутни на светскиот поетски фестивал во Струга, кој годинава е јубилеен – шеесетти по ред.

„Кампот, мегу другото, се одржува и под грижата на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, кој им испраќа Посланија, но и под покровителство на Светската академија на поезијата при УНЕСКО, од каде Посланија им испраќа Д-р Лаура Троиси, генерален секретар“, информираат организаторите.

Текстот Трет Балкански поетски камп за деца и млади “Ванчо Николески” е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“