Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Со гласно зборување влијаеме во борбата против насилството

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Дирк Јан Коп, денеска го означи почетокот на кампањата „Со тебе сме – Заедно против насилството врз жените и девојчињата“, која има цел подигање на свеста за насилството и воедно охрабрување за негово пријавување.

dobivaj vesti na viber

На денешниот настан присуствуваше и заменик-шефот на мисијата на ОБСЕ во Косово, Kилијан Вахл, како и претставници на меѓународни и граѓански организации.

Тренчевска потенцира дека насилството не смее да се премолчува и затскрива, а претрпеното насилство не треба да предизвикува срам, туку спротивно, во борбата против насилството врз жените и семејното насилство треба гласно да се зборува, со цел негово спречување и обесхрабрување на лицата потенцијални вршители на насилство.

„Многу е важно уште од најрана возраст да развиваме свесност и ги учиме децата да ги препознаваат и гласно да зборуваат против сите форми на насилство вклучувајќи го и насилството врз девојчињата и жените. Постојаното гласно зборување и дејствување против родово базирано насилство ја зајакнува борбата и нè прави уште посилни и солидарни во добивањето на оваа важна битка“, рече Тренчевска.

Таа порача дека „должност на секој од нас е да реагираме, да пријавиме, секој од нас може да спречи насилство, а жртвите на родово базирано насилство, жени и девојчиња, треба да знаат дека не се сами. Тука сме ние како институции, нашите партнери граѓанските организации, чија улога во општеството е многу значајна и секако поддршката од меѓународните организации затоа што насилството не препознава пол, вера, нација, образование, професија, политичка припадност како од страна на жртвата така и од страна на насилникот“.

Холандија го поддржува националниот акциски план, кој произлегува од ратификувањето на Истанбулската конвенција, која Северна Македонија ја усвои во 2017 година и ги поддржува напорите на нашата држава во справување со родово базирано насилство веќе со години.

 

Можете да прочитате

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

СДСМ: Разрешениот Нанев токму Тошковски го вработи во МВР – ДПМНЕ се дозакопа за скандалите со Еразмус+

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори