Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Со аедничка работа на институциите до поуспешни резултати во борбата против насилството

Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање на Министерството за труд и социјална политика денеска се одржа работна средба на која присуствуваа претставници на институциите, меѓународните и граѓански организации, со цел презентација на мониторинг извештаите за напредокот на државата при спроведување на Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската конвенција за период од октомври 2018 – декември 2021година, од страна на Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

dobivaj vesti na viber

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Трнчевска се осврна на тоа дека нашата држава е меѓу првите земји што ја потпишаа Конвенцијата за спречување и борба против насилството над жените и домашното насилство (Истанбулска конвенција), која влезе во сила на први јули 2018 година.

Во насока на имплементацијата, Владата го усвои „Акцискиот план за спроведување на Конвенцијата за спречување и борба против насилството над жените и домашното насилство на Република Македонија 2018 – 2023“.
Овој стратегиски документ ги дефинира активностите, клучните институции, индикаторите и временската рамка за преточување на одредбите на Конвенцијата во националното законодавство за периодот 2018 – 2023, велат надлежните.

„Анализата треба да ни даде насока каде сме добри и каде треба да ги засилиме напорите како институции, вклучително со граѓанските организации, кои се постојано на терен. Соработката помеѓу владините институции и граѓанскиот сектор треба да продолжи и понатаму, уште поинтезивно, со единствена цел успешна имплементација на политиките и резултатите кои што ќе ги дадат нашите очекувања, заштита од било која форма на насилство“, истакна Тренчевска.

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство подготви три извештаи за напредокот на Македонија при спроведување на активностите предвидени во Националниот Акциски План (2018-2023) за имплементација на Истанбулската Конвенција. Првиот ги опфати првите две години, вториот извештај го опфаќа периодот до мај 2021 и третиот извештај се однесува за периодот од јуни до декември 2021 година.
Извештајот упатува на неопходност од поголема вклученост и координираност меѓу институциите и зајакнување на капацитетите на човечките ресурси од институциите, со цел поуспешно справување со предизвиците кои се однесуваат на насилството врз жените и семејното насилство.
По презентацијата на извештајот, беше отворена дискусија за следните чекори за поуспешен процес на усогласување на Истанбулската Конвенција со постоечките националните политики.

Можете да прочитате

Нов пожар кај Смилковско Езеро – прекинат сообраќајот

Јавноста шокирана: Дете врзано со јажиња – МВР преземаат мерки

Владата задоцни, народот сам гаси, Димитриевиќ од Дојран со жестока критика