Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Го продолжуваме долгогодишното партнерство со Советот на Европа

Тренчевска: Го продолжуваме долгогодишното партнерство со Советот на Европа

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска се сретна со претставници на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје. На состанокот се разговараше за досегашната и идна соработка меѓу Министерството и проектите на Совет на Европа за Промоција на еднаквоста и различноста, спречување и борба против трговија со луѓе, РОМАКТЕД Програмата-фаза 2, промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво. Министерката посочи дека Министерството за труд и социјална политика има одлична соработка со Советот на Европа за која очекува да продолжи и во иднина.

„ Поддршката е многу важна и затоа во наредниот период ќе настапиме со нови идеи во делот на политиките каде се допираат нашите надлежности, вашите како Совет на Европа и на МТСП, во делот на еднаквоста, маргинализираните групи, дел и во трудовото право. Треба да ја продлабочиме соработката и во делот на човековите права и антидискирминација и во борбата за сузбивање на говорот на омраза“, рече Тренчевска.

Претставниците Програмската канцеларија на Советот на Европа информираа дека во почетна фаза е кампањата за подигање на свеста кај граѓаните во борбата против нетолерантноста во општеството, насловена како „Блокирај ја омразата, сподели љубов“. Со кампањата ќе бидат опфатени повеќе таргет групи на млади и на стари, вработени и невработени, спортисти.

Советот на Европа е долгогодишен партнер на Министерството за труд и социјална политика во развојот на важни прашања и човекови права. Заедничките проекти се финансирани од Европската Унија и Советот на Европа.

Можете да прочитате

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство

Работна посета на МЕП Муртезани на Ирска

Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски