Утрински Весник
Спорт

„Трент и Робертсон се она што беа Кафу и Роберто Карлос“

„Трент и Робертсон се она што беа Кафу и Роберто Карлос“
Dik 300x250 mk

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, кој сега работи како аналитичар за „Скај спорт“, Гери Невил, не крие дека е воодушевен од бековите на Ливерпул. Тој ги споредил Енди Робертсон и Трент Александер-Арнолд, со бразилските легенди Кафу и Роберто Карлос.

„Кафу и Роберто Карлос, веројатно се најдобрите бекови што сум ги гледал некогаш. Толку години беа сјајни. Тие ја унапредија играта на бековите. Беа исклучително добри, но овие двајца…Мислам дека никогаш не сум видел бекови во Премиер лигата толку добро се надополнуваат. Уживање е да се гледа нивната игра, начинот на кој се надополнуваат на теренот…“, рекол Невил.

Арнолд од почетокот на сезоната има осум асистенции, а Робертсон пет.

> „Трент и Робертсон се она што беа Кафу и Роберто Карлос“ <

Можете да прочитате

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина

НБА може да ја промени политиката за обложување по апсењата на Розиер и Билапс