Утрински Весник
Спорт

Тренерот на Аугсбург ќе го пропушти дебито во тимот поради нарашување на карантинот

Тренерот на Аугсбург ќе го пропушти дебито во тимот поради нарашување на карантинот
Dik 300x250 mk

Аугзбург, 15 мај 2020 (МИА) – Тренерот на Аугзбург, Хајко Херлих, нема да може да присуствува на првиот натпревар на тимот по продолжението на сезоната во Бундес-лигата. Според „Скај спортс“ фудбалскиот стручњак ги прекршил правилата за карантин со напуштање на хотелот без медицинска маска и нараквици. Тој отиде во продавница да купи паста за заби и помада.

Така, 48-годишниот Херлих е принуден да помине два теста за коронавирус и да остане во карантин, што ќе трае подолго од терминот за натпреварот на Аугзбург.

Утре (16 мај), екипата на Херлих ќе игра со Волфзбург. Средбата ќе биде деби за Херлих како главен тренер на Аугзбург.

На табелата во Бундеслигата, Аугзбург по 25 кола се наоѓа на 14-то место со 27 бода. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен