Утрински Весник
Магазин

Тревис Скот нуди помош за жртвите на стампедото

Тревис Скот нуди помош за жртвите на стампедото

Раперот Тревис Скот во средата се обрати до фановите кои беа жртви на стампедото на неговиот концерт „Астроворлд“ во Хјустон да го контактираат директно за да им пружи помош.

Претставници на Тревис во соопштението наведуваат дека семејствата кои би сакале помош на кој било начин треба да го контактираат неговиот тим преку наменска адреса на е-пошта.

Девет луѓе загинаа и десетици други беа повредени во налет од фанови на концертот што го предводеше Тревис.

Тој веќе се понуди да ги плати трошоците за погреб на загинатите и бесплатно советување за ментално здравје.

Можете да прочитате

Сите правиме грешка при подготовката на кафе

Во ресторани на Сардинија почнува едномесечна пробна програма „Ручек без екрани“

Најопасната саксија за секое растение