Утрински Весник
Македонија

Трајковски: Разочарувачка и недемократска е одлуката на ЦО на НСДП

Организацискиот Секретар на НСДП, Кристијан Трајковски реагира на вчерашната одлука на партијата да постави само еден кандидат за избор на претседател. Според него, Централниот одбор на партијата донел разочарувачка и недемократска одлука, со која била отфрлена поднесената кандидатура и програма на Трајковски.

„ Одлуката да се има само еден кандидат, при повеќе поднесени кандидатури, е ништо повеќе од кукавички чин за бегање од демократските вредности на кои нашата партија е изградена. Дополнително, одлуката е спротивна на Правилникот за организација на Петтиот конгрес на НСДП и ги спречува речиси петстотините делегати да не можат слободно, фер и демократски да го изберат следниот претседател на НСДП.

Единствениот кандидат и неговото тесно мнозинство во Централниот одбор, одбија да дозволат демократски натпревар на идеи и политики, бидејќи се плашат од гласот на членството и отворената демократијата.

Јас не се откажувам од мојата заложба и уверување дека демократијата и демократските вредности се пред сè и над сè. Не се откажувам од мојата прогресивна визија дека нашата НСДП ќе биде обединета и гласна партија, каде слободата и слободната мисла ќе победат. Само така притисоците, заканите и носењето одлуки од една многу мала, но многу привилегирана група луѓе ќе бидат сеќавање од минатото. Луѓе кои се однесуваат како функциите да се нивно родено право, а не голема обврска и одговорност делегирана од целото членство пред кое тие се должни да поднесат отчет“ порача Трајковски.

Тој најави дека на претстојниот конгрес на 4 јуни, ќе го искористи своето право да се кандидира на самиот Конгрес и таму, како што вели, ќе ја побара поддршката на членството и делегатите.

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?