Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Зимата што доаѓа за некои ќе биде најтешка во последните 70 години

Претстојната зима за некои ќе биде најтешката во последните 70 години, предупреди српскиот претседател Александар Вучиќ.

„ Ќе недостига многу храна, енергенси има доволно, но поради лудата политика од сите страни тие ќе бидат скапи“, изјави Вучиќ на ТВ Прва.

Тој нагласи дека околу 25 отсто од светскиот пазар нема да има леб.

Српскиот претседател појасни дека нема извоз од украинските пристаништа, дека Русија исто така е спречена да извезува житарки, освен во пријателските земји, што значи дека во Европа нема ниту килограм.

Можете да прочитате

Дронови влегоа во воздушниот простор на Латвија и Естонија, НАТО подигна авиони

Украински дронови нападнаа руско пристаниште во Балтикот

Нов руски напад врз Киев, најмалку седум загинати