Утрински Весник
Македонија

Трајанов реагира дека пратениците се вакцинирале со „спутник В“, а најавена им била „фајзер“

Трајанов реагира дека пратениците се вакцинирале со „спутник В“, а најавена им била „фајзер“

Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, регира дека пратениците се вакцинираат со „спутник В“, наспроти тоа што претходно најавена била нивна имунизација со „фајзер“.

Според него, причина за промена на вакцината се коментарите на социјалните мрежи дека пратениците се привилегирани оти ќе се вакцинираат со „фајзер“.

„Не може од ‘Фејсбук’ да се гради политика.  Министерот менува на ‘спутник В’ затоа што некој напишал дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со ‘фајзер’. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација. Едно беше најавата, сосема друго излезе во пракса. Сите се практично вознемирени бидејќи испадна класична замена, да не кажам измама“, наведе Трајанов во реакцијата на социјалните мрежи.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утрово по почетокот на вакцинацијата на пратениците во салата „Борис Трајковски“ рече дека очекува во втората половина на мај Собранието да се врати на вообичаениот начин на работа.

Можност за вакцина добиле сите пратеници, а дали ќе ја примат, зависи од нивната волја.

„Со втората доза од вакцината ќе се овозможи посоодветна работа на Собранието. Очекувам од втората половина на мај да се врати нормалниот начин на работа на Собранието со почитување на процедурите за заштита, дадени од надлежните институции. Викнати се сите пратениците и кажано им е во кој бокс да се јават за вакцина, а дали ќе се јават, тоа повеќе не е одговорност на претседателот туку волја на секој поединец. Предвидени се вакцини за сите, кој како ќе одлучи е негова работа“, рече претседателот Џафери.

Можете да прочитате

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат