Утрински Весник
Свет

Трамп ја освои Алјаска, во Џорџија ќе има пребројување на гласовите

Трамп ја освои Алјаска, во Џорџија ќе има пребројување на гласовите

Американската сојузна држава Џорџија објави дека ќе ги преброи гласовите од претседателските избори на кои Џо Бајден во тесна трка го победи Доналд Трамп. Изборите се одржаа пред осум дена, а демократскот кандидат во Џорџија славеше со предност од 14.000 гласа (2.471.906 – 2.457.794).

Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер изјави дека гласовите ќе бидат преброени откако вчера тоа го побарале адвокатите на Трамп. Станува збор за 5 милиони гласачки ливчиња, од кои скоро сите се избројани, но државите имаат рок до петок да ги потврдат конечните резултати.

Денеска беше потврдено дека Трамп ја освоил Алјаска и добил три нови избирачки (електорски) гласови, но тоа не менува ништо. Сега има 214, 76 помалку од Бајден (290). За мандат во Белата куќа потребни се 270.

Џорџија која инаку традиционално им е наклонета на Републиканците, игра важна улога во рамнотежата на силите меѓу Демократите и Републиканците во новиот Сенат. Двете места во Сенатот, кои ги има Џорџија, се пополнуваа на изборите и двете трки одат во втор круг на 5 јануари, бидејќи според досега пребројаните гласови, ниту еден кандидат не освоил мнозинство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дрон во близина на авионот на Трамп: Итно затворен аеродромот во Палм Бич

ДВА УКРАИНСКИ ДРОНА СЕ СРУШИЈА ВО ФИНСКА: Хелсинки спроведува истрага за „сериозната повреда на територијата“

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ОСУДИЈА ОДЛУКАТА НА ИЗРАЕЛ: На патријархот на Ерусалим му беше забранет влез во црквата на Светиот Гроб за Цветници