Утрински Весник
Свет

Трамп: Путин, Шји, Ким и Ердоган се шахисти од светска класа

Трамп: Путин, Шји, Ким и Ердоган се шахисти од светска класа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Шји Џјинпинг, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, се шахисти од светска класа.

Говорејќи во државата Висконсин, Трамп го критикуваше својот противкандидат на претседателските избори, Џо Бајден, оценувајќи дека ако стане претседател, тој нема да може да се справи со светските лидери, пренесува „Танјуг“.

Трамп додаде дека Бајден не може да соработува со нив како рамноправен партнер, затоа што тој не е во своите најдобри години.

Бајден, кој има 78 години, доколку биде избран, ќе биде најстариот претседател во американската историја.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

По израелски напад во Појасот Газа загинаа двајца новинари на Ал Џезира

Шефот на СЗО потврди дека е откриен полиовирус во Газа, повика на превенција

Венеција од утре го ограничува бројот на луѓе во туристичките групи на максимум 25