Утрински Весник
Свет

Трамп прогласи вонредна состојба во Северна Каролина поради бурата Исајас

Трамп прогласи вонредна состојба во Северна Каролина поради бурата Исајас
Dik 300x250 mk

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Северна Каролина пред пристигнување на бурата Исајас, со цел да биде овозможен пристап до федералните фондови  за да се координираат напорите за помош на градовите и населбите.

Метеоролозите предупредуваат на закани од поројни дождови и силни ветрови, додека тропската бура Исајас се пробива кон источниот брег на САД, со очекување дека може да стигне до копното вечерва, некаде долж границата меѓу Северна и Јужна Каролина.

Националниот центар за урагани соопшти дека Исајас треба да остане подалеку од брегот додека минува покрај Флорида преку ноќ и Џорџија во текот на денот.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил