Утрински Весник
Свет

Трамп – претседател кого од самиот почеток се обидоа да го сменат

Трамп – претседател кого од самиот почеток се обидоа да го сменат
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп сигурно ќе остане запаметен по многу работи што ги направил или рекол за време на својот четиригодишен мандат, а пред се како еден од ретките претседатели кого опонентите се обиделе да го сменат од функцијата од самиот почеток.

Трамп стапи на должноста на 17 јануари 2017 година и стана 45-от претседател на САД, заменувајќи го Барак Обама во Белата куќа.

Седумдесет и четири годишниот Трамп успеа да се избори и со коронавирусот. Тој беше три дена во болница, по што излезе без никакви здравствени проблеми. За пандемијата со вирусот од самиот почеток ја обвинува Кина, поради нејзиното неодговорно и ненавремено реагирање за спречување на ширењето на коронавирусот во светот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Политико: АфД обвинета за собирање информации за Кремљ

Трамп: Мора да го имаме Гренланд за безбедноста на САД

Рјабков: Русија и САД разговараа за прашања што предизвикуваат тензии во билатералните односи