Утрински Весник
Свет

Трамп: Пентагон води војни, за компаниите кои произведуваат оружје да бидат задоволни

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите
Dik 300x250 mk

Американскиот претседател Доналд Трамп го нападна воениот врв на вооружените сили на САД и го обвини Пентагон за водење војни со цел да се зголеми профитот на компаниите за производство на оружје.

„Раководството на Пентагон сака да води војни, со цел сите оние прекрасни компании за вооружување, кои произведуваат бомби, ракети и авиони, да бидат среќни и задоволни“, рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа, објави Си-Ен-Ен.

Овие необични коментари на шефот на државата дојдоа во време кога бројни воени команданти и лидери во Пентагон му се доверија на Си-Ен-Ен дека односите со претседателот стануваат сè понапнати.

Поранешен воен службеник за Си-Ен-Ен потврди дека Трамп јавно изговорил груби и навредливи квалификации на сметка на припадниците на американската армија и воените ветерани.

„АП“ исто така известува дека за време на неговата официјална посета на Франција во ноември 2018 година, по повод одбележувањето на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна, американскиот претседател дал несоодветни изјави и навредливи квалификации на штета на загинатите војници.

Овие извештаи беа емитувани и на „Фокс њуз“, а Доналд Трамп жестоко ги демантираше.

„Најновите коментари на претседателот за военото раководство на САД и нивната мотивација не само што ја деградираат и ја прават бесмислена нивната посветена работа во службата, туку имаат корозивен ефект и врз американската војска“, рече пензионираниот поморски генерал и воен аналитичар на Си-Ен-Ен, Џон Кирби.

Пентагон официјално не одговори на барањето да ги коментира изјавите и односот на Трамп кон армијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија

Украина во тајна операција уништи стратешки руски нафтовод

Холандија добива прв геј премиер во историјата