Утрински Весник
Свет

Трамп одби да се обврзе дека ќе ја предаде власта мирно ако изгуби

Трамп ги обвини демократите дека ја критикуваат вакцината за коронавирус за политички цели

Американскиот претседател Доналд Трамп одби на прес-конференција во Белата куќа да се обврзе на мирно предавање на власта доколку изгуби на претседателските избори.

„Па, ќе мора да видиме што ќе се случи“, рече Трамп, пренесува Би-би-си.

Тој исто така изјави дека смета дека за резултатите од изборите ќе одлучува Врховниот суд, повторно изразувајќи сомнежи за регуларноста на гласањето по пошта.

Трамп смета дека затоа е важно да има девет судии во Врховниот суд.

„Оваа измама спроведена од демократите е измама што ќе се најде пред Врховниот суд на САД и мислам дека не е добро да се има ситуација во која може да се случи исход 4-4“, рече Трамп.

Трамп вчера на Твитер објави дека ќе го објават името на судијата што сака да го назначи во Врховниот суд во сабота, наместо судијката Рут Бадер Гинзбург, која почина во петокот.

Кандидатот на Демократите на претседателските избори, Џо Бајден, го повика кандидатот што ќе победи на изборите да почека со номинацијата за Врховниот суд до инаугурацијата во јануари 2021 година.

Републиканците, сепак, сакаат да ја искористат можноста и со помош на мнозинството во Сенатот со 53 места, да го засилат конзервативното мнозинство во Врховниот суд на 6-3, додека пред смртта на судијата Гинзбург тоа мнозинство беше 5-4.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус

Блискиот исток, Украина и Трамп се на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7

Во Бејрут прекин на наставата во училиштата и универзитетите до крајот на декември