Утрински Весник
Свет

Трамп најави дека ќе ги помилува напаѓачите на Капитол

Трамп најави дека ќе ги помилува напаѓачите на Капитол

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави можност за помилување на некои напаѓачи на Капитол на 6 јануари 2021 година, доколку победи на претседателските избори во 2024 година.

„Ако се кандидирам и победам, ќе бидеме фер кон оние од 6 јануари“, рече републиканскиот милијардер во саботата пред своите поддржувачи во Конро, Тексас.

„И ако барат помилување, ќе ги помилуваме затоа што се третираат неправедно“, додаде тој.

Од 6 јануари 2021 година, повеќе од 725 луѓе, вклучително и членови на екстремно десничарските групи „Горди момчиња“, „Чувари на заклетвата“ и „Три проценти“, беа уапсени и обвинети за учество во овој невиден напад во кој животот го загубија пет лица.

Пред милиони вчудоневидени гледачи ширум светот, поддржувачите на Трамп се обидоа да упаднат во седиштето на Конгресот, а некои успеаја во моментот кога беше потврдена победата на Џо Бајден на претседателските избори.

На 13 јануари, основачот на екстремно десничарската група От чувари, Стјуарт Родс (56) беше обвинет за „бунт“ со уште десет членови на организацијата.

Во исто време, парламентарната комисија продолжува да работи на расветлување на настаните и утврдување на можната одговорност на Доналд Трамп и неговите соработници во тој напад.

Меѓу другото, комисијата за сведок ја повика и неговата ќерка Иванка.

Членовите на комисијата би сакале по секоја цена да донесат заклучоци пред среднорочните парламентарни избори (за помалку од една година), бидејќи во тој период републиканците би можеле да ја вратат контролата врз Домот и да ја поништат својата претходна работа.

Можете да прочитате

На Украина ѝ се потребни од 500 до 700 милијарди долари за одржување на армијата, тврдат двајца нејзини министри во Давос

Маурициус тврди дека неговиот суверенитет над архипелагот Чагос е признат со меѓународното право

Лавров: Велика Британија повеќе не треба да го користи називот Велика