Утрински Весник
Свет

Трамп за средбата Бајден-Путин: И дадовме многу простор на Русија а не добивме ништо

Трамп за средбата Бајден-Путин: И дадовме многу простор на Русија а не добивме ништо

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп не го поддржа американско-рускиот самит, нарекувајќи го состанокот на американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин во Женева „Добар ден за Русија“.

Поранешниот претседател, кој своевремено рече дека му верува повеќе на Путин отколку на американските разузнавачки агенции, за американските медиуми изјави дека Бајден му подарил на рускиот лидер подарок што му дава главна улога на глобалната сцена.

„Не добивме ништо. И дадовме многу простор на Русија и не добивме ништо“, рече Трамп.

„Тоа беше добар ден за Русија“, додаде Трамп. „Не гледам што постигнавме со тоа.

Со Трамп се согласија и неговите републикански сојузници, кои сметаат дека Путин не направил некои поголеми отстапки на состанокот во женевската вила „Ла Гранж“, кој траеше помалку од три часа.

Трамп се состана со Путин во Хелсинки во 2018 година, а подоцна одржа заедничка прес конференција.

Бајден и Путин во средата се обидоа да одржат позитивен тон на разговорите, нарекувајќи ги конструктивни, иако многу не е договорено, пишуваат медиумите.

Можете да прочитате

Осмоодделенец со нож уби наставничка, повредени уште две лица

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп