Утрински Весник
Свет

Трамп го смени шефот на Агенцијата за сајбер безбедност

Трамп го смени шефот на Агенцијата за сајбер безбедност
Img 5587

Сè уште актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп го смени шефот на агенцијата за сајбер безбедност, Крис Крибс.

Тој е отпуштен поради, како што тврди Трамп, неточни најави за регуларноста на изборниот процес.

300x250 (7)

Во објава на својот профил на Твитер, Трамп ги обвини Крибс за „многу погрешно“ уверување на граѓаните дека изборите се безбедни, иако имало „огромни нерегуларности и измами“, вклучително и гласање за „починатиот“, попречување на набљудувачите на изборите во следењето на изборниот процес и софтверските грешки кои гласовите на Трамп му ги припишувале на Бајден, објави Ројтерс.

Во писмото, потпишано од десетици експерти за безбедност, се наведува дека обвинувањата за големи изборни нерегуларности се неосновани и, според нив, апсурдни.

Врз основа на информации од сигурни, добро информирани инсајдерски извори, Ројтерс објави дека Белата куќа е многу незадоволна од содржината објавена на веб-страницата на Агенцијата за сајбер безбедност и инфраструктура, а Крибс изјави дека за неговото разрешување дознал од Твитер.

Поранешниот извршен директор на оваа агенција, Брендон Велс, денес се очекува да ја преземе функцијата на Крибс, дознава Ројтерс од информиран извор кој побарал да биде анонимен.



Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Сијарто: Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија е од историско значење

Фон дер Лајен: ЕУ смета на Кина да изврши притисок врз Русија да ја прекине војната против Украина