Утрински Весник
Свет

Трамп го предупреди Иран да не продолжува со напади врз Американците во Ирак

Трамп го предупреди Иран да не продолжува со напади врз Американците во Ирак
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ракетите што ја погодија Американската амбасада во Багдад оваа недела доаѓаат од Иран и дека има шпекулации за нови напади врз Американците во Ирак, пренесува „Њујорк пост“.

Трамп објави на Твитер фотографии од три ракети кои очигледно не успеале да бидат лансирани, пишувајќи: „Погодете од каде се: ИРАН“.

„Сега слушаме шпекулации за дополнителни напади против Американци во Ирак … Неколку пријателски совети до Иран: Ако макар и еден Американец биде убиен, јас ќе го сметам Иран за одговорен. Размислете добро“, напиша Трамп.

Амбасадата во Багдад беше нападната со осум ракети „катјуша“ во неделата, предизвикувајќи штети на зградите во силно утврдената Зелена зона во градот, соопштија официјалните лица.

Државниот секретар Мајк Помпео за нападот, во кој рече дека се ранети ирачки цивили, ги обвини милициите поддржани од Иран.

„Народот на Ирак заслужува да им биде судено на овие напаѓачи. Овие насилни и корумпирани криминалци мора да престанат со своите дестабилизирачки активности“, порача Помпео.

Според ирачката војска, повеќето ракети погодиле станбен комплекс и безбедносен пункт во рамките на зоната, во која се сместени владини згради и странски мисии, а за нападот рекоа дека е одговорна одметничка група.

Американската амбасада претходно го осуди демонстрирањето сила.

„Амбасадата на САД потврди дека ракетите насочени кон Меѓународната зона резултираа во ангажман на одбранбените системи на Амбасадата. Имаше мала штета во комплексот на Амбасадата, но немаше повредени или жртви“, се вели во соопштението објавено во неделата.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД ѝ понудија на Украина безбедносни гаранции за 15 години

Од 1 јануари 2026 забрана за стари дизел и бензин возила во Брисел

Зеленски побара долгорочни безбедносни гаранции од САД во рамки на мировниот план