Утрински Весник
Свет

Трамп го одобри договорот, „ТикТок“ може да остане во САД

Трамп го одобри договорот, „ТикТок“ може да остане во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одобри договор што ќе овозможи кинеската апликација „ТикТок“ да продолжи да се користи во САД, а со новата компанија „ТикТок глобал“ ќе управуваат Американци.

Трамп истакна дека го поддржува партнерството меѓу „ТикТок“ и американските компании „Оракл“ и „Волмарт“.

„Му дадов блаагослов на договорот“, рече Трамп.

Нагласи дека договорот гарантира стопроцентна безбедност околу пристапот до податоците на корисниците од страна на кинеските власти.

Американскиот претседател појасни дека „ТикТок Глобал“ ќе биде целосно контролиран од компаниите „Оракл“ и „Волмарт“, а седиштето ќе биде во Тексас.

„ТикТок“ и „БајтДенс“ го поздравија одобрувањето на претседателот Трамп, но договорот мора да биде одобрен и од кинеската влада.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија и Украина разменија нова група воени заробеници

Песков: Не е планирана заедничка декларација по средбата Путин-Трамп

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз