Утрински Весник
Свет

Трамп: Врховниот суд на САД се исплаши поради тужбите за изборите

Трамп: Врховниот суд на САД се исплаши поради тужбите за изборите

„Членовите на Врховниот суд се исплашија и не донесоа одлука по тужбата во државата Тексас за преглед на резултатите од изборите одржани на 3 ноември“, напиша американскиот претседател, Доналд Трамп, на Твитер, пренесува ТАСС.

„Фактот дека Врховниот суд нема да заземе став во оригинална надлежност над повеќе држави, вклучувајќи го и претседателот на САД, е апсурден. Наведено е во Уставот. Тие едноставно се исплашија и не сакаа да се произнесат за основаноста на случајот. Толку лошо за нашата земја“, напиша тој.

Во меѓувреме, членовите на американскиот Изборен колеџ ќе го дадат својот глас за претседател денеска. Властите на сите држави и на главниот град веќе ги одобрија резултатите од изборите на 3 ноември, според кои демократот Џозеф Бајден ја доби поддршката на 306 од 538 електори и треба да стане 46. претседател на земјата.

Трамп, сепак, не го призна поразот и поднесе барање до судовите со барање за пребројување на гласовите во голем број држави. Обидите на адвокатите на Трамп не беа успешни, нивните жалби беа одбиени во државите, како и од Врховниот суд. Според последните податоци, повеќе од 81,2 милиони луѓе гласаа за Бајден, а 74,2 милиони за Трамп.

Формално, на 3 ноември, луѓето не гласаа за новиот претседател и потпретседател на САД, туку за членовите на Изборниот колеџ. Крајниот рок за гласање на Изборниот колеџ е утврден со Федералниот закон – првиот понеделник по втората среда во декември. Времето на гласање варира во секоја држава – од 9:00 до 15:00 часот по локално време.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници