Утрински Весник
Свет

Трамп ангажира нови адвокати за процесот за отповикување

Трамп ангажира нови адвокати за процесот за отповикување
Dik 300x250 mk

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ангажираше двајца нови адвокати за својата одбрана, неколку дена пред процесот за отповикување во Сенатот. Трамп синоќа објави дека одбраната ќе ја водат Дејвид Шон и Брус Л. Кастор Џуниор.

Во изјавата на Доналд Трамп се вели дека поранешниот претседател и адвокатите се согласуваат дека отповикувањето е неуставно.

Одлуката за ангажирање на нови бранители беше објавена откако петмина адвокати се повлекоа од одбраната поради несогласувања за тоа како да се постапи понатаму во процесот.

Трамп сакаше адвокатите да продолжат да ја бранат тезата за масовна проневера на претседателските избори што ги освои демократот Џо Бајден, наместо да се концентрираат на законитоста на постапката за отповикување на претседател кој не е на оваа функција.

Судењето на Трамп за „поттикнување мотивација“ по упадот на приврзаниците на поранешниот претседател во Конгресот на 6 јануари, треба да започне на 9 февруари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп