Утрински Весник
Македонија

Трактор прегазил човек додека си работел во дворот

Трактор прегазил човек додека си работел во дворот

Шеесет и двегодишен маж од струшкото село Октиси почина откако вчера го прегазил трактор, додека работел во својот двор.

Според информациите од МВР, А.М. изведувал градежни работи во неговиот двор кога трактор кој што се движел неконтролирано го прегазил. Човекот бил донесен во Здравствениот дом во Вевчани, но без знаци за живот.. Лекар констатирал смрт.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и полициски екипи и по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Можете да прочитате

Кога дипломата не значи знаење:           Како да се реформира високото образование?“

Земјотрес почувствуван во Скопје – 24info.mk

ДУИ: Скоро 25 милиони евра потрошени за увоз на струја од почетокот на годината