Утрински Весник
Спорт

Традиција си е традиција – дождот го одложи стартот на Вимблдон

Традиција си е традиција – дождот го одложи стартот на Вимблдон

Стартот на мечевите од првото коло на Вимблдон, најславниот гренд-слем во тенисот, беше одложен поради дожд. Мечевите требаа да стартуваат во 12 часот на теренот број 2 и на надворешните терени, но новиот стартен термин е 14:30 часот.

Во акција требаше да бидат осмиот носител, Роберто Баутиста Агут, против Австралиецот Џон Милман, петтиот носител Андреј Рубљев против Федерико Делбонис, како и 22. носител Ден Еванс против Фелисијано Лопез.

Првиот носител, Новак Ѓоковиќ, ќе го стартува својот прв меч на „Централниот терен“ (каде што има покрив) во 14:30 часот, додека на Теренот број 1 (исто така со покрив), Стефанос Циципас ќе игра со Американецот Френсис Тиафоу.

> Традиција си е традиција – дождот го одложи стартот на Вимблдон <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина