Утрински Весник
Култура

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта“ го чува од заборав обичајот „Мартинки“

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта“ го чува од заборав обичајот „Мартинки“

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2022“ по деветти пат ќе биде отворена на 24 февруари во 12 часот на првиот кат во трговскиот центар „Лиса“ во Скопје. Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“, а манифестацијата претставува дел од активностите поврзани со традиционалниот украс мартинките, како нематеријално светско културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО.

Настанот ќе биде отворен до први март и ќе содржи музејска поставка со автентични амајлии од повеќе држави, едукативни панели на повеќе јазици, продажна галерија со ракотворби, а ќе се организира и специјална интерактивна детска работилница за правење на мартинки.

„Минатата година на традиционалната манифестација посветена на обичајот „Мартинки“, промовиравме шест печатени изданија за деца на повеќе јазици. Нивната реализација беше поддржана од Европската комисија и Советот на Европа, во рамките на „Приказните за европското културно наследство“ кадешто проектот за „Денот на Баба Марта“ на „ХАЕМУС“ беше избран меѓу десетте најдобри европски приказни како исклучителен пример преку којшто се визуелизира и интерпретира културното наследство. Како носители на Обичајот „Мартинки“ во УНЕСКО, нѐ радува фактот дека вративме во живот обичај кој беше скоро на изумирање. Горди сме што манифестацијата секоја година има голема посетеност благодарејќи на високата свесност на луѓето за сопственото кулурното наследство и одговорноста што граѓаните сами ја имаат чувајќи ја од заборав оваа традиција“, вели Василка Димитровска, директор на „ХАЕМУС“.

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2022“ се прави со поддршка од Минстерството за култура, Градот Скопје, Т.Ц. Лиса и приватни донатори, под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси.

Настанот ќе биде реализиран согласно препорачаните мерки за заштита во време на пандемија.

Текстот Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта“ го чува од заборав обичајот „Мартинки“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“