Утрински Весник
Македонија

Традиционалната крводарителска акција по повод Голема Богородица, со посебни мерки поради Ковид-19

Традиционалната крводарителска акција по повод Голема Богородица, со посебни мерки поради Ковид-19

Црвениот крст од општина Центар и Институтот за трансфузиона медицина, на 28 август, традиционално, по 18. пат, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 9 до 17 часот.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можностите од недостаток на крв и крвни деривати.

„Со оглед на ситуацијата со пандемијата на Ковид-19, за време на крводарителската акција ќе се спроведат сите мерки за заштита, односно носење заштитни маски и одржување дистанца. Направен е посебен протокол со кој ќе се запазат мерките. Поради тоа, задолжително секој крводарител мора да има заштитна маска“, појаснуваат организаторите.

Во 2003 година кога за прв пат беше организирана оваа акција, бројката на крводарители беше 146, додека како резултат на нејзината традиција и препознатливост во 2019 година 188 граѓани ја покажале својата хуманост со дарување на крв.

Вкупната бројка на реализирани крвни единици за овие 17 години е 3.896 дарувања, или во просек 230 крводарители по акција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати

СДСМ Прилеп: Заради протест на вработените, прилепчани останаа без градски превоз

Во вториот квартал пад од 6,3 проценти на патниците со автобус на годишно ниво