Утрински Весник
Свет

Германците ги пуштија децата во училиште, се зголеми бројот на новозаболени

Германците ги пуштија децата во училиште, се зголеми бројот на новозаболени

Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.576 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е повеќе од претходниот ден.

Ден претходно, како што беше најавено, регистрирани се 1.278 нови пациенти, објави Институтот „Роберт Кох“.

Во саботата, за прв пат од април, во Германија се регистрирани над 2.000 нови случаи, пишува „Дер шпигел“. Другите медиуми го поврзаа ненадејното зголемување на бројот на заболени со враќањето на децата на училиште.

Досега во Германија починале 9.280 пациенти, а оздравеле 210.600 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела