Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Традиционален планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Традиционален планинарски марш во чест на Борис Трајковски
300x250 opst2

Струмица, 22 февруари 2020 (МИА) – Петнаесет планинари од Струмица, Радовиш, Гевгелија и Штип по петнаесетти пат ќе маршираат во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски.

Маршрутата долга 200 километри ја почнаа пред споменикот „Македонија“ во Струмица, подигнат во чест на Трајковски. На 26-ти овој месец, треба да пристигнат на гробот на вториот македонски претседател на гробиштата Бутел во Скопје и да се приклучат во одбележувањето на 16-годишнината од смртта.

– Меѓу учесниците годинава имаме и млади планинари, кои ќе ја продлжат оваа традиција и се надевам дека уште многу години ќе го одбележуваме овој настан во чест на претседателот Борис Трајковски, рече Никола Ристов од ПАОК „Ентузијаст„ од Струмица.

Пред тргнување планинарите положија цвеќе пред споменикот на Борис Трајковски.

Освен до Скопје, шеесет планинари од земјава и Бугарија денес и утре ќе пешачат и по падините на планината Беласица. Тие треба да се искачат на врвот „Ботра“ кој го носи името на Трајковски, на надморска височина од 1.880 метри. рт/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

Мицкоски од Брвеница: На овие избори постојат две коалиции, едната СДС-ДУИ и Левица а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Фазлиу: Вреди поднесе иницијатива до Антикорупциската комисија за тендерите на „Ас Сењак“