Утрински Весник
Свет

Трагична смрт на петгодишно дете кое од Авганистан избега со семејството пред пет дена

Трагична смрт на петгодишно дете кое од Авганистан избега со семејството пред пет дена

Петгодишно момче, кое избега со родителите од Авганистан пред пет дена по офанзивата на талибанците, почина при пад од прозорецот на хотелот во Шефилд.

Момчето починало вчера попладне, откако паднало од деветтиот кат на хотелот „Метрополитен“ во Шефилд, пренесува „Скај њуз“.

Според британските медиуми, момчето пристигнало во Англија со своите родители од Авганистан пред само пет дена со лет организиран од британските власти.

Локалната полиција не објави многу детали, но потврди дека трагично загинатото момче е од Авганистан.

Според некои информации, во хотелот биле сместени повеќе бегалци од Авганистан, кои биле евакуирани од земјата.

„ Тие дојдоа тука пред пет дена да ги спасат своите животи, а сега ова се случи. Многу е тажно”, рекол еден бегалец за „Јоркшир Лајв“.

Можете да прочитате

Во Португалија приведени 37 неонацисти

Британската влада размислува за забрана на социјалните медиуми за тинејџерите, по примерот на Австралија

Норвешка ги предупреди своите граѓани дека во случај на војна со Русија ќе конфискува приватен имот