Утрински Весник
Свет

Трагедија во Луганск: Во нападите загинаа мајка и две деца

Трагедија во Луганск: Во нападите загинаа мајка и две деца

Според украинските медиуми, по гранатирањето во градот Рубижне во областа Луганск, загинала мајка со две деца. Третото дете е извлечено од урнатините и е во стабилна состојба.

По гранатирањето на местото на настанот излегле спасувачи кои веднаш започнале со акција на извлекување од урнатините.

Две деца без знаци на живот прво биле извлечени од урнатините, спасувачите извршиле реанимација, но, за жал, по пристигнувањето на Брзата помош било констатирано дека децата починале.

Спасувачите продолжиле да бараат под урнатините и пронашле жена и уште едно дете. Медицинскиот персонал констатирал смрт на жената. Детето било спасено, неговата состојба е стабилна и задоволителна – соопштија од Државната служба за итни случаи.

Можете да прочитате

Британското МВР воведува нова полициска единица слична на ФБИ

Кубанскиот претседател повикува на воена подготвеност на островот поради американските закани

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“